Се расплакал стар бел дедо

Од Wikisource

Се расплакал стар бел дедо
што остарел и побелел.

Што остарел и побелел,
не бил повеќе за љубење.

Го догледа баба Неда
и на дедо му продума:
молчи дедо, не ми плачи.

Молчи дедо, не ми плачи,
нели бевме ние млади,
се љубевме, се криевме.

Се насмеал стар бел дедо,
си прегрнал баба Неда,
си целувнал баба Неда.

Поврзано[уреди]