Прејди на содржината

Се навали Шар Планина

Од Wikisource

Се навали, се навали Шар Планина, ајде
се навали, се навали, Шар Планина.

Ми потисна, ми потфати три овчари, ајде
три овчара, три овчара, три чобана.

Први овчар, први овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, ај пушти ме, Шар Планино.

Имам жена, имам жена што ме жали, ајде
имам жена, имам жена, ќе ме жали.

Втори овчар, втори овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, пушти мене, Шар Планино.

Имам сестра, имам сестра, ќе ме жали, ајде
имам сестра, имам сестра, ќе ме жали.

Трети овчар, трети овчар ѝ се моли, ајде
пушти мене, пушти мене, Шар Планино.

Имам мајка, имам мајка, ќе ме жали, ајде
имам мајка, ќе ме жали.

Жена жали, жена жали шест недели, ајде
сестра жали, сестра жали до година,
мајка жали, мајка жали дур' довека, ајде
мајка жали, мајка жали дури до гроба.

Поврзано

[уреди]