Селвие сен ѓузел

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Не спи, не спи, не дреми
ќузум бела Селвие
зар не си се наспало
Јоко мори калешо
три вечери без мене?

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

На четвртата јас дојдов
ќузум бела Селвие
тебе дома не најдов
Јоко мори калешо
тебе дома не најдов.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Тук те најдов в' комшии
ќузум бела Селвие
у нашите душмани
јоко мое калешо
у нашите душмани.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Тебе те најдов зад врата
ќузум бела Селвие
лаф муабет правеше
јоко мое калешо
лаф муабет правеше.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Не ми фрлај ифтири
море мој домаќине
ти си голем мераклија
море мој домаќине
на вино и на лута ракија.

Селвие сен ѓузел јоко мори калешо
моја прва изгоро.

Поврзано[уреди]