Прејди на содржината

Седна баба да вечера

Од Wikisource

Седна баба да вечера,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, па се не најала,
па се не напила.

Втора вечер вечера
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Трета вечер вечера
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Четвртата вечер вечера
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Петта вечер вечера
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Шеста вечер вечера
шест камили грбави,
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
па се не напила.

Седма вечер испила
седум бочки со вино,
шест камили грбави,
пет ми крави јалови,
четири овна калеши,
три кокошки пржени,
два ми летни галаба,
една еребица, една еребица.
Пак баба не јала, пак баба не пила,
баба била злојасна, пак се не најала,
е пак се натрескала.

Поврзано

[уреди]