Седенка се збира

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Седенка се збира, мама не ме пушта [2х]
мама не ме пушта на седенка да идам. [2х]

На седенка да идам с'либе да се видам [2х]
с'либе да се видам оти војник ќe оди. [2х]

Мама, тате велат ај да вечераме [2х]
сите полегнаа мене сон не фаќа. [2х]

Сите полегнаа мене сон не фаќа [2х]
мен сон не фаќа, на седенка да идам
на седенка да идам с'либе да се видам.

Поврзано[уреди]