Свирете ми свирачи

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Денес пејам, се веселам
свадба правам, син женам,
мојата радост е голема,
срце од радост ми плаче.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.

Ајде свате дигни чаша да пиеме
за младите да наздравиме,
чедо ваше, чедо наше, се засакале
штом се земат, среќни ќе бидат.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.

Пријатели и роднини браќа мили
јас сум среќен и пеам
желбата моја се исполни,
во недела ќе пеам.

Свирете ми свирачи
свирете ми до зори,
и јас со вас да пеам
да се веселам.

Поврзано[уреди]