Свалил се млад Димитар од Разловци

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свалил се, Маце море, планината,
Планината ле Маце, Митрашинска,
Митрашинска, Маце море, Будинарска,
И полето ле Маце, Пијанечко.
Свалил се је Маце ле море, млад војвода,
Млад војвода ле Маце, млад Димитар.
Млад Димитар, Маце море, од Разловци,
И поп Јован ле Маце од Берово.

Поврзано[уреди]

Надворешна врска[уреди]

Блог за македонски народни песни

Музика