Сал си одам, сал си питам

Од Wikisource

Сал си одам, сал си питам,
дека седи Грозда мома,
Грозда мома битолчанка.

Она седи ош' погоре
ош' погоре, Горно Маало.
Нејна порта бележита,
до портата бела чешма.

До портата дафин дрво.
На дрвото славеј пиле,
славеј пиле само пее.

Што се сака не се зема,
што се не'ќе ќе се земи,
ќе се земи, фајде нема.

Поврзано[уреди]