Садила Јана

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Садила Јана леле,
садила Јана,
садила Јана леле,
ран бел босилок.

Кога го садила леле,
кога го садила,
кога го садила леле,
не се вратила.

Ми се вратила леле,
ми се вратила,
ми се вратила леле,
рано в' недела.

Оздола иде леле,
оздола иде,
оздола иде леле,
лудо ем младо.

Прво си трга леле,
прво си трга,
прво си трга леле
в' Јанина бавча.

Скини ми Јано леле,
скини ми душо,
скини ми Јано мори
ран бел босилок.

Ако си ерген лудо,
ако си ерген,
ако си ерген лудо
само скини си.

Ако си женето лудо,
ако си женето
ако си женето лудо
крши си вратот.

Поврзано[уреди]