Прејди на содржината

Рут/ 3 глава

Од Wikisource

2 глава Рут
3 глава
од н.п.
4 глава
Тектот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999.

 1 Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, и рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна?
  2 Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното.
  3 Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие.
  4 Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.”
  5 Таа и одговори: „Ќе направам сè како што ми велиш.”
  6 И слезе на гумното и направи сè како што и повели свекрвата.
  7 А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна.
  8 И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе.
  9 ”Која си?” - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.”
10 ”Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни.
11 И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сè за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена.
12 Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене.
13 Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!”
14 И таа спиеше покрај неговите нозе до утрото. Тој стана пред да може човек човека да препознае, зашто мислеше: „Не треба да знаат дека жена била на гумно.”
15 И и рече: „Дај ја наметката што е на тебе и држи ја добро.” Таа ја придржа а тој и тури шест мери јачмен, па и ја поткрена. И таа отиде во градот.
16 Кога стигна, свекрвата ја праша: „Што е со тебе ќерко моја?” А таа и раскажа сè што сторил човекот за неа.
17 И додаде: „Овие шест мери јачмен ми ги даде, велејќи: ‘Не смееш да се вратиш при свекрвата со празни раце.’”
18 Таа и рече: „Биди спокојна, ќерко моја, додека не видиш што ќе биде: зашто тој нема да има спокојство додека не докрајчи сè уште денес.”

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse