Ружиче бело и црвено

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ружиче бело и црвено,
не оди ситно пред мене,
не дигај магли раови.
Не скоривај моме јадови,
надеа сум само, јадовно.
Деј гиди Страте, море будала,
што жалиш толку за мене,
имаш невеста убава?
Ружиче бело и црвено,
имам невеста убава,
ама е многу мрзлива.
Меракот ми е моме на тебе,
умрев, загинав за тебе.

Поврзано[уреди]