Решив да се оженам

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Решив да се оженам
дури сум уште млад
и тргнав мома да барам,
од род голем богат.
Да биде убавица
да знае да чита,
пијаното да пишти
под нејзини раце.
Не помина многу време
и јас се оженив,
си најдов таква мома
што барав по светот.
Од првин беше ангел,
ангел на овој свет,
од ангел се претвори
вистинска сатана.

Поврзано[уреди]