Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции (2021)

Од Wikisource


Република Северна Македонија

Назив Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции
Година 2021
Службен весник Службен весник на РСМ
Изгласана 29 јули 2021
Објавена 30 јули 2021
Орган Собрание на Македонија
Правен статус   ДаД во сила
Викиизвор Викиизвор и авторите на статиите не преземаат одговорност за евентуалните грешки во текстовите.


Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции

Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции
[уреди]

Врз основа на член 68 став 2 од Уставот, како и врз основа на член 184 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија

Тргнувајќи од објавениот „Резултат од референдумот во Република Македонија, одржан на 8 септември 1991 година (Сл.Весник 43/91), почитувајќи ги позициите на „Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со Европската Унија“ усвоена од Собранието на 4 февруари 1998 година (Сл.Весник 7/98), а во контекст на наметнатите билатерални пречки кон ЕУ, ние пратениците ја декларираме волјата на граѓаните и на ден 29 јули 2021 година Собранието донесе

РЕЗОЛУЦИЈА

Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ. Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет. 3. Да се уважуваат сознанијата. утврдените со акти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според кои што: - македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и од наративот за припадноста на одреден географски и историски простор, - споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам. 4. Процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите. 5. Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Организацијата на обединетите нации (СЈОН) за правото на самоопределување и за човековите права и слободи. 6. Собранието ја обврзува и ја насочува Владата, но и сите надлежни органи задолжени за надворешната политика и евроинтеграциите да постапат во рамките на позициите утврдени со оваа Резолуција 8. Оваа Резолуција ќе се објави во Службен Весник