Расплакал се стар бел дедо

Од Wikisource
Расплакал се стар бел дедо,
што остарел и побелел.
Што остарел и побелел,
не бил веќе за љубење.
Го догледа баба Неда
и на дедо тивко дума:
- Молчи, дедо, не и плачи,
нели бевме ние млади,
се љубевме, се грлевме?
Се насмеал стар бел дедо,
си прегрнал баба Неда,
си ја бакнал баба Неда.

Поврзано[уреди]