Прејди на содржината

Разболе се младо Македонче

Од Wikisource
Разболе се младо Македонче
никој нема од род да го види,
оф леле завали аман, аман јабанџиче.
Само дошло едно малој моме
малој моме негово комшивче
оф леле завали аман, аман јабанџиче.
Донело му е две-три благи понуди
земи лудо тие мали понуди
оф леле завали аман, аман јабанџиче.
Нека, моме тие благи понуди
срце ми изгоре моме за тебе,
оф леле завали аман, аман јабанџиче.
Ајде моме двата да се земеме
мерак в' срце мене да ми не вене
оф леле завали аман, аман јабанџиче.

Поврзано

[уреди]