Разболела се
Изглед
- Разболела се, разболела се
- разболела се, разболела се
- Ленка Пингова
- разболела се, разболела се
- Ленка Пингова.
- Над глава и' стои
- над глава и' стои [2х]
- стара и мајка.
- Кажи ми Ленче, кажи ми душо
- кажи ми Ленче, кажи ми душо [2х]
- од што си болна?
- Јазе сум болна, јазе сум болна
- јазе сум болна, јазе сум болна [2х]
- за прво либе.
- Јас ќе си умрам, јас ќе си умрам
- јас ќе си умрам, јас ќе си умрам [2х]
- рано в недела.
- Повикајте го, повикајте го
- повикајте го, повикајте го [2х]
- Коле Велково.
- Дарувајте го, дарувајте го
- дарувајте го, дарувајте го [2х]
- бовчалак невезен.