Пуста останала таја контра чета
Изглед
- Пуста останала таја контра чета
- што ми поминала низ Богомила,
- низ Богомила – за Нежилово,
- за Нежилово – село партизанско.
- Таму го фанале Трајка Недески,
- ми го фанале и го прашале:
- – Ај кажи, кажи ваши партизани –
- Мицка Козаров, Стоилка Планински,
- Стоилка Планински, Апостоле Чолка?
- – И да ги знајам не ги кажујам,
- не ги кажујам, клети бре фашисти!
- Пушка ми пукна тамо Бела Река,
- тамо Бела Река – Солунска Глава,
- и ми ја уби млада партизанка,
- млада партизанка – Рајна Скопјанка.
- Глава пресекоја – в села ја носеја,
- в села ја носеја – мајки расплакаја...
Извор
[уреди]- Лазо Каровски и Ѓорѓи М. Ѓорѓиев (ур.) „Македонски песни за народноослободителната борба“, Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје, 1980, 237-238 стр.