Не ли ти кажав, не ли ти кажав,
нели ти реков на проштавање?
Ич не ме чекај, ич не ме пекај
Белград е ламња, во Белград ја роб
снага по туѓи палати оставам,
снага во усни несити клавам,
и дома — дома не ќе се вратам,
не ќе ги пијам очите твои
не ќе ја гледам снагата твоја -
далеку негде сувата рака
по тебе, Вело, пустата мака
пуста ќе остане…
Знам оти ѓердан веќе не нижеш,
знам оти чеиз и ти не везеш,
знам, Вело, пусто остана сичко -
не ли си и ти аргатка клета?
Тутуни садиш, тутуни нижеш,
тутун таговно у монопол редиш,
ме споменуваш и ем си жалиш
денови — крепи тешки си редиш -
Величко, мори, другачко златна!
Но почуј, Вело, што ќе ти кажам!
Не ми се, Вело, жали и клети!
Подигни очи — очи засвети
нија очи, што душа горат!
Тој што ни, Вело, однесе сичко -
тој ни остави од темно темен
веков за мака — но и за борба.
Има на вој свет како нас многу!
Има ги, има — мачат се, копат,
копачи копат по темнината,
копачи копат и тунел дупат.
И има, има — радост голема
радост длабока во темнината:
да светиш, Вело, жар да се стопиш -
во борба гроб ти душа не зема