Прејди на содржината

Проклета да е Австралија

Од Wikisource
Проклета да е Австралија
што ме раздели од фамилија.
Си ја оставив мојата жена
цвеќе вградина да ми овене.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]
Мојте другари песна ми пеат,
абре Стојане немој не оди.
Кому оставаш, млада невеста,
с' машко детенце и стара мајка.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]
Проклета да е Австралија
ми ја запусти фамилијата,
црна туѓина земја далечна
многу далеку, сам без никого.
Е еј Австралија, е еј земја далечна. [2х]

Поврзано

[уреди]