Прејди на содржината

Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада

Од Wikisource
„Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада“

од Проект за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада/
Декември 1923 год.


Внатрешната македонска револуционерна организација, која то ги претставува Македонците што се борат за самоопределување, политичка слобода, самоуправување и возможно најголема социјална правда – има за цел:

Обединувањето на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 год. – во една политичка единица, која како последица на тоа ќе биде рамноправен член на една Балканска федерација или бар во првата своја етапа – на една Југословенска федерација.

За постигање на таа своја цел ВМРО смета:

а) на своите борбени сили;

б) на секоја држава, какво и да било најзиното уредување, чиишто интереси се совпаѓаат со идеалите на ВМРО, и в) на сите општествени организации, кои што ратуваат за национално самоопределување, човечки правдини и слободи и траен мир во светот.

Поаѓајќи от тие свои начела, ВМРО, земајќи уверување од официјалните петиции на Руската советска република, дека таа ќе содејствува за ослободувањето на потиснатите народи, го прифаќа следниот споразум со Руската советска република:

1. ВМРО се задолжува да работи заедно со другите револуционерни организации на Балканот за федерализирање на балканските држави во нивните етнички граници, чиишто добро разбрани политички и економски интереси се совпаѓаат со тие на РСР. 2. Руската советска република ја признава ВМРО како единствена претставничка на суверената воља на Македонија. 3. ВМРО и РСР ќе одржуваат врска преку свои редовни полномошници, кои што ќе имаат својство на дипломатски и воени претставници. 4. Двете страни, запазувајќи ја својата самостојност и својата внатрешна и надворешна политика, можат да преземаат конкретни заемни акции, при општа согласност, според политичките околности. 5. ВМРО со благодарност би ја прифатила материјалната, дипломатската и морална поткрепа на РСР.

Член на Централниот комитет на ВМРО: Т. Александров