Приспивна
Изглед
„Приспивна“ од Блаже Конески |
- Кој ли ќе те гушне
- со рацете мали
- и со златна коса
- саноќ да те гали?
- Кој сребрена песна
- на сон ќе ти пее:
- „Надвор ветре дува,
- месечина грее.
- Надвор лисје шуми,
- ројот ѕвезден бега.
- Јас те сакам многу,
- мој си, мој си сега.
- Надвор роса роси
- и зокумон спие.
- Спи ми, спи ми, сонот
- убав нека ти е."