Прејди на содржината

Слобода или смрт (1898)/ Преку крв слобода

Од Wikisource
Преку крв слобода

од Атанас Раздолов

Послатко нема ништо на светот -
Слобода преку крв да се земе!
Така ни кажува делото свето:
Народ да востане, и бунт да крене!

Секому знајна вистината е:
Ништо со молитви не се врши!
до што е човек одамна знае
Робот сам јаремот ќе го скрши.

Секој нè толче, убива, гази.
Но, кој да зборне за судба мрежна?
Младост и чест ни сотреа врази,
Над нас облачишта црни тежат.

Сиот свет учен е спокоен, блажен,
Никакво сочувство не го движи,
Нема тој за нас ни збор да каже,
Нема за нашите болки грижи.

Но, денот крвав иде, се вести,
Ко грмеж небесен ќе се втурне;
Тиранот бесен сè ќе обесчести.
Дом ќе ни спепели, мир ќе ни урне.

Ќе се подналути народот тогаш,
Умот и духот, срцето клето,
И ќе ги повика за правдата Бога.
За срам на векот, за срам на светот!

Ќе биде тоа свештена, тешка,
Нерамна борба, и ќе ја водат
Робовите врз своја плешка,
Низ крв и оган - кон слободата!