Превод:Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква

Од Wikisource
Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква

од Теодосија Гологанов
Оригиналот се чува во: Archivio della S. Congregazione de Propaganda Fide - Roma: "Indice della Potenza" - Marzo 1892-93, Somm. XV, f. 132-141.


Услови за премин на македонските епархии во унија со Римокатоличката Црква

Придружно писмо

4ти декември 1891, Скопје

Во свое име и во името на моето Македонско стадо јас, долупотпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, ги поставувам следните барања како услов за премин во унија и канонско единство на православното стадо од Македонија со Римокатоличката Црква:

1. Да се обнови древната Охридска Архиепископија, која беше во канонско единство со Римокатоличката Црква, со благослов лично од Светиот Отец Папата.

2. Јас, Теодосиј да бидам на чело на обновената Охридска Архиепископија, како автокефален архиепископ на Црквата.

3. Другите свештеници од високиот клер (митрополити, монаси, свештеници и попови) да бидат по род Македонци и назначени од мене, како Архиепископ, додека единствено митрополитите може да бидат потврдени од Вашата Светост.

4. Границите на Архиепископијата да се совпаѓаат со сегашните граници на Македонија, а поделбата на епархии да остане како што е сега.

5. Старите унијати од Кукушко-Полјанската и Струмичката епархија да бидат исклучени од јурисдикција на унијатскиот Архиепископ во Цариград, неговото блаженство Нил Изворов, и да бидат вклучени како епархии под моја јурисдикција.

6. Нови католички мисионери, освен оние што веќе се присутни во образовните и благотворните организации во Македонија, да не се прифаќаат, додека ти што се веќе овде да не се мешаат во внатрешниот црковен и образовен живот на Архиепископијата.

Тоа се нашите барања и ние веруваме дека се оправдани и дека не можеме да направиме понатамошни отстапки. Се надеваме дека ќе бидат одобрени и почитувани за веки веков.

Теодосиј,

Митрополит скопски


Предлошка:Translation license