Превод:Теодосиј митрополит скопски до папата Лав XIII
Теодосиј митрополит скопски до папата Лав XIII од Теодосиј Гологанов |
Скопскиот митрополит Теодосиј му пишува на папата Лав XIII со молба да ја земе под заштита Македонската Православна Црква и да ја возобнови Охридската Архиепископија, за да може православниот Македонски народ да добие право на сопствен духовен и културен живот и образование. |
4ти декември 1891 година
До светиот отец, папата Лав XIII,
Јас, долу потпишаниот митрополит скопски, Теодосиј, по божја благодат на чело на скопската епархија, Ви го поднесувам ова барање од мое и од името на целото православно стадо на Македонија, со кое ве молиме ваша Светост да нè земете под закрила на Римокатоличката Црква, откако ќе се обнови древната Охридска Архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767, и да нè ставите во канонско единство со Римокатоличката Црква.
Нашата желба извира од историското право на православниот Македонски народ да биде слободен од јурисдикцијата на туѓи цркви – бугарската Егзархија и константинополскиот Патријархат, и да биде обединет во своја сопствена Македонска Православна Црква, придобивајќи ги така сите белези на народ кој има право на независен духовен и културен живот и образование.
Ваша Светост, ве молам да ги имате предвид сите особености на православната вера, од која православните христијани никогаш нема да се откажат: а тоа се независноста во однос на вероисповедта, црковните богослужби и свештеничките одори.
Им се предавам на Вашите молитви и скромно се поклонувам пред Вас,
Ваш брат во Исуса Христа, кој се моли за Вас,
Теодосиј, митрополит скопски