Прва книга Самоилова/ 12 глава

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

11 глава Прва книга Самоилова
12 глава
од н.п.
13 глава


    1 Тогаш Самоил му рече на сиот Израел: „Еве ја исполнив вашата желба во сè што баравте од мене, и поставив цар над вас.
  2 И отсега царот ќе оди пред вас. А јас остарев и оседев, и моите синови ете, се меѓу вас. Јас одев пред вас од својата младост па до денешниот ден.
  3 Еве ме! Посведочите против мене пред Господа и пред Неговиот помазаник: кому му одзедов вол и кому му одзедов осле? Кого го измамив? Кого го угнетував? Од кого примив поткуп за да замижам на едното око? Јас ќе ви вратам назад сè.”
  4 А тие одговорија: „Не нè измами, не нè угнетуваше, од никого не прими ништо.”
  5 Уште им рече: „Господ е сведок за вас, и Неговиот помазаник е сведок во овој ден, дека не најдовте ништо во мојата рака.” А тие одговорија: „Сведок е!”
  6 Тогаш Самоил му рече на народот: „Да, сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египет.
  7 Застанете сега тука, да поразговарам со вас пред Господа и да ве потсетам на сите големи дела, кои ви ги направи Господ вам и на вашите татковци.
  8 Кога Јаков дојде во Египет Египетците ги притиснаа, а вашите татковци извикаа кон Господа за помош. И Господ ги испрати Мојсеја и Арона, кои ги изведоа вашите татковци од Египет, и ги насели на ова место.
  9 Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.
10 И пак извикаа кон Господа за помош, говорејќи: ‘Згрешивме, зашто Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на ваалите и на астартите; избави нè сега од рацете на нашите непријатели па ќе Ти служиме!’
11 И Господ ги испрати Еровала, Ведана, Ефтаја и Самоила, па ве избави од рацете на вашите непријатели, наоколу, така што можевте да живеете без страв.
12 Ама кога го видовте Наас, амонскиот цар, како иде против вас, ми рековте: ‘Не, туку цар нека владее над нас!’ Па сепак е ваш Цар, Господ, вашиот Бог!
13 И ете ви го сега царот кого го избравте! Ете, Господ постави цар над вас.
14 Ако се боите од Господа и ако Му служите, ако го слушате Неговиот глас и не се противите на Неговите заповеди, ќе го следете Господа, својот Бог, вие и царот кој царува над вас.
15 Ако не го слушате Господовиот глас, ако се противите на Неговите заповеди, тогаш Господовата рака ќе се спушти на вас и на вашиот цар, како што беше против вашите татковци.
16 Сега пристапете уште еднаш и видете го големиот знак што Господ ќе го направи пред вашите очи.
17 Не е ли сега пченичната жетва? Ама јас ќе Го повикам Господа, и Тој ќе испрати громови и дожд. И ќе разберете јасно колку е големо злото што го направивте пред Господа, барајќи цар за себе.”
18 Тогаш Самоил го повика Господа, и Господ испрати громови и дожд во оној ден, и сиот народ многу се исплаши од Господа и од Самоила.
19 И сиот народ му рече на Самоила: „Моли Му се на Господа, на својот Бог, за своите слуги, за да не изумреме, зашто кон сите свои гревови додадовме зло - барајќи цар за себе.”
20 Ама Самоил му рече на народот: „Не бојте се! Навистина вие го сторивте сето ова зло, ама сега веќе не го оставајте Господа, туку служете Му на Господа со сето свое срце.
21 Не клањајте им се веќе на ништожните кипови, кои не ви користат ништо, не ви помагаат ништо, зашто се само ништожества.
22 А Господ нема да го отфрли Својот народ, заради Своето величествено име, зашто Господ благоволи да направи Свој народ.
23 А нека биде далеку од мене за да Му згрешам на Господа, прекратувајќи да молам за вас и да ве упатувам на добар и чесен пат.
24 Само бојте се од Господа, и служете Му нему искрено со сето свое срце; зашто колку големи дела направи за вас.
25 Ако правите зло, ќе пропаднете вие и вашиот цар.”

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


PD-icon.svg Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
Nuvola apps important.svg
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.