Прејди на содржината

Праша ли Тинке мајка ти

Од Wikisource
Праша ли Тинке мајка ти џанам
праша ли Тинке мајка ти,
дава ли тебе за мене џанам
за мене Ѓорѓија бекрија?
Не сум ја Ѓорѓија прашала џанам
не сум ја Ѓорѓи прашала,
синоќа сум ја слушала џанам
синоќа сум ја слушала.
Мама на тате велеше џанам
мама на тате велеше,
Ај да го дајме Тинчето џанам,
за тој Ѓорѓија бекрија.
Тате на мама велеше, џанам
тате на мама велеше,
до девет ќерки да имам џанам
една на Ѓорѓија не давам.
Ѓорѓи е пуш пијаница џанам
Ѓорѓи е пуш пијаница,
на вино вади ножеви џанам,
а на ракија пиштоли.

Поврзано

[уреди]