Прејди на содржината

Посеала баба

Од Wikisource
Посеала баба, до три зрна просо,
цицири, вицири, ци цу цу, до три зрна просо.
Се зачуди баба, како ќе ги жнее,
цинцири, минцири, ци цу цу, како ќе ги жнее.
Повикала баба, три села аргати,
се зачуди баба, што ќе ги наруча.
Ми се бркна баба в' десната пазува,
ми извади баба тригодишна вошка,
ми навари баба три казани чорба.

Поврзано

[уреди]