Прејди на содржината
- Како сонце в' дворот да ми дојдеш,
- како песна в' срце да ми пројдеш.
- Само да те погледам јас,
- везден тука идам, оф, очи да ти видам.
- Лична ко китка, пролет ми те роси,
- в' срце ми те носи, опа!
- Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха
- тапан чука рит-тика-тика, ајде де.
- Подај моме, подај рака ти,
- овде на срце да ја ставам јас.
- За час ќе ми мине сета мака,
- никому не те давам.
- Среде други лични моми ле,
- уште полична ќе те гледам јас.
- Твојот допир и од очи вљубен,
- свој чекор јас ќе редам.
- Среде село, младите се збрале,
- и за љубов нишан си дале.
- Само јас сум без тебе сам,
- нишан ти ми зема надвор ми те нема.
- Послушај песна на оро те кани,
- до мене застани, и-опа!
- Гајда свири ли-ду-ли-ду-ли, опа, и-ха-ха
- тапан чука рит-тика-тика, ајде де.
- Подај моме, подај рака ти,
- овде на срце да ја ставам јас.
- За час ќе ми мине сета мака,
- никому не те давам.
- Среде други лични моми ле,
- уште полична ќе те гледам јас.
- Твојот допир и од очи вљубен,
- свој чекор јас ќе редам.
-