Планино, Пирин планино

Од Wikisource
Планино, Пирин Планино
многу си Пирин убава. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
многу си Пирин убава. [х2]
По твоите треви зелени
пасат ми магли овчички. [х2]
Еј, еј, еј, еј, еј, еј,
пасат ми магли овчички. [х2]
Под твојте сенки дебели
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
јунаци потсклон наоѓаат. [х2]
На сека гранка берданка,
до сека вода, војвода [х2]
Еј, еј, ej, еј, еј, еј,
до сека вода војвода. [х2]

Поврзано[уреди]