Писмо од Митра Миладинова до Браќата Робеви

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Писмо од Митра Миладинова до Браќата Робеви

од Митра Миладинова
На современ македонски правопис.


Почитувани браќа Робеви и синови!

Со неизразлива тага и сосема вознемирени за судвината на учителот Димитар ние Ви пишавме неколкупати, но до сега немаме никакво позитивно известување за олеснување на вознемиреноста, која ни ја разјадува душата. И така, господа, фрлете заради Бога милостив поглед кон нас, страдалното семејство на учителот, смилете се над невините негови деца и употребете ги сите усилби, како и веруваме, за избавувањето на најнежно саканиот наш татко, учител, а ние со вистинско, најдлабоко почитување ќе Ви бидеме вечно признателни, достојните секогаш за уважување, на кои ги полагаме сите свои надежи, очекувајќи колку е можно поскорешно утешување. Белки има и радосна вест за најнежно саканиот наш татко. Излишно ќе биде, сметаме, да Ви кажеме дека ако стане нужда – во случај да се реши да биде испратен во Цариград, - да телеграфирате во Загреб, до нашиот чичко Константин или директно или посредно преку Цариград, за да знае и тој. Можеби тој може да најде пријателски врски.

Ова Ви го соопштуваме со најголема жалост и остануваме целосно предани на Вашето семејство.