Писмо од Кузман Пасхалов до Димитар Робев

Од Wikisource
Писмо од Кузман Пасхалов до Димитар Робев во Битола

од Кузман Пасхалов
На современ македонски правопис.


Почитуван господин Димитрие!

Вчера околу 11 часот претпладне испратениот од битолскиот паша сердар Абидин-бег по подмолното интриганство на св... во врска со преследувањето на последниот против славјанштината ја претресе куќата на нашиот општ пријател Димитар Хр. Миладинов, кого окован го доведе овде и веројатно ќе го однесе и понатаму. Поради тоа, уверен во вашето родољубие и грижливост за татковината, се осмелувам да Ве замолам од негово и мое име, како и од името на целата татковина и народноста, движени од човекољубие, да не допуштите да пострада со нешто нашиот почитуван учител, кој ја облагодетелствува целата наша татковина, но да направите се што е можно според Вашето разбирање: или да се застапите таму во Битола, или телеграфирајте на Вашите познати во Цариград, ако се наложи тоа, или пак употребете друго средство: со еден збор, да направите се што сметате и колку се може побрзо, за да се откине тој од тоа дереџе. Изгледа дека и тој господин Георги Чакарис и Јован Евридис биле уапсени потоа, а под сомневање има и други. Ова Ви го пишувам набрзо и останувам со особено почитување кон Вас во очекување на вашиот одговор.


Охрид, 17 февруари 1861 г.

Целосно готов: Козма А. Пасхалис