Писмо од Кузман Пасхалов до Георги Раковски
Писмо од Кузман Пасхалов до Георги Раковски во Белград од Кузман Пасхалов |
На современ македонски правопис. |
„ |
Почитуван господине Г.С. Раковски!
За господин К. Миладинов, кој во едно писмо до еден негов пријател ветуваше до мај да го заврши издавањето на неговите песни, ништо не можеме да дознаеме, каде се наоѓа, или е уште во Загреб, што прави, дали ги издаде песните, или сл. Заради тоа Ве молиме Вас, ако Ви е можно да го известите дека почитуваниот негов братец, уважениот учител г-ин Димитрија Хр. Миладинов уште пред два месеца (на 8 мај) ноќта беше испратен од битолските затвори и одведен во солунските, а по десетина дни беше одведен во Цариград во заптието Мушури и од таму не знаеме каде се наоѓа. До скоро (15 јуни) беше уште во цариградските подземни зандани, а од тогаш не знаеме каде е, или таму уште или во долапите или некаде на друго место го однесоа, дали е жив или е умрен! Извести го, Ве молам, К. Миладинов за да му бара некој лек за својот беден брат, кој за никаква вина, освен за народот страда и тој и кутрото му домочатие, а нам кој сме ми искрени пријатели известете не каде се наоѓа спомнатиот К. Хр. Миладинов, дали ги издаде песните и сл. Надевајќи се дека ќе добијам пријатен глас при Вашето високо љубородие, имам чест да се сметам за секогаш признателен и срдечен. Охрид, 19 јули 1861 г. Кузман А. Пасхалов |
“ |