Прејди на содржината

Писмо од Димитрие Боди до Министерството за надворешни работи

Од Wikisource
Писмо од Димитрие Боди до Министерството за надворешни работи во Белград

од Димитрие Боди
1 септември 1892


До Министерството за надворешни работи во Белград

Господине Министре,

Со моето писмо од 26 август о.г. Ве известив за новостите околу акцијата за воведување на македонскиот дијалект во градското училиште во Костур. Имајќи ја предвид важноста на ова прашање, јас наполно се ангажирав. Испратив во Костур човек од конзулатот, кој по задржување еден ден се врати и ми соопшти дека Комисијата за создавање на литературен македонски јазик, на кој би се предавало во градското училиште во Костур, веќе располагала од порано со доста обемен материјал за создавање на македонска граматика и македонски речник. Меѓутоа, уште на првото заседание се нашла пред голми тешкотии околу пополнувањето на народниот јазик со зборови што во него ги нема. Нашиот човек, кој се сретнал со членовите на Комисијата, се снашол и посоветувал празнините во македонскиот речник да се пополнат со зборови од српскиот литературен јазик. Членовите на Комисијата не го одбиле, но и не го примиле предлогот, изјавувајќи дека за тоа ќе се консултираат со црковно-училишната општина. Ако на Општината ѝ ветиме помош за печатење на речникот и граматиката, Господине Министре, се надевам дека тие ќе прифатат нашата јазична помош. И не само тоа. Тие ќе се согласат другите бугарски учебници да ги замениме со српски. Доколку го одобрувате мојот чекор, Господине Министре, молам за поопширни инструкции.

Примете, Ваша Ексиленцијо, Господине Министре, изрази на мојата почит,

Димитрие Боди[1]

Белешки

  1. Српски конзул во Битола.


Извор

  • ДА - ДСИП, „П“ одд. „И“ ред 278/ 1892