Прејди на содржината

Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ

Од Wikisource
Писмо од Димитрие Боди до Владан Ѓорѓевиќ

од Димитрие Боди
20 август 1892


До Министерот за надворешни работи
г. Владан Ѓорѓевиќ
Белград

Господине Министре,

Ве известувам, Господине Министре, дека во последно време во градот Костур се појави некакво интелектуалистичко движење кај месните учители, со кое се инсистира да се отфрлат грчката и бугарската пропаганда, а во училиштата да се воведе македонскиот дијалект како наставен јазик. Оваа иницијатива, впрочем, Господине Министре, започна од неколку градски учители, непријателски расположени спрема грцизмот и бугаризмот поради нивната политика на просвета, а посебно поради онеправдување на месниот учителски кадар.

Мене оваа работа посебно ме заинтересира, бидејќи „таму каде што двајца се караат, третиот користи“ па преку мои доверливи агенти на теренит разбрав за тајното собрание на шестмина учители. Тие донеле решение да ѝ предложат на месната црковно-училишна општина да се воведе во градското училиште мајчиниот јазик наместо бугарскиот.

До колку ова прашање Ве интересира, Господине Министре, со шифрирана телеграма одговорете ми.

Димитрие Боди[1]

Белешки

  1. Српски конзул во Битола во 1892.


Извор

  • ДА - ДСИП, „П“ одд. „И“ ред 278/ 1892