Прејди на содржината

Пилето ми пее рано на сабајле

Од Wikisource
Пилето ми пее рано на сабајле,
Рано на сабајле, рано пред зори.
Па ми ја буди младата невеста,
Младата невеста рано да стане.
Стани ми, стани ти млада невесто,
Стани ми, стани, коња ми спремај.
Коња ми спремај, на пат ќе одам,
Многу на далку, в'туѓа туѓина.
Рачај, порачај, ти млада невесто,
Рачај, порачај што да ти купам.
Дали пари сакаш или писмо сакаш,
Ил'ме мене сакаш дома да дојдам.
Ниту пари сакам, ниту писмо сакам,
Туку тебе те сакам дома да дојдеш.
Парите се трошат, писмото се кине,
А љубовта трае вечно до гроба.

Поврзано

[уреди]

Надворешна врска

[уреди]

Музика