Петар Драганов за македонскиот јазик – 1888 г.
Самиот Востоков по прашањето за потеклото на староцрковно-словенскиот јазик се застапуваше за македонизмот, неговата татковина ја поставуваше во Македонија, и затоа тој, велеше Востоков, може да се нарече и македонски. Но Востоков никако не се застапуваше за бугаризмот на таа значајна научна поставка во тесното значење на тој збор , како што тврдеа некои негови противници; напротив, што се однесува до сопственото бугарското наречје, тоа, според Востоков, можело од старо време да се разликува од првото (македонското) по многу важни признаци и, ќе забележиме од своја страна, како што и сега тоа се разликува од него. Би требало да се очекува дека порано или подоцна убедувањето на Востоков ќе се потврди со истражувања не само по историските споменици на јазикот ами и на современиот строј на словенските наречја и особено на словенските говори во претполаганата татковина на кирило-методиевскиот словенски јазик.