Прејди на содржината

Песни/ Успивање на болно дете

Од Wikisource

Современост бр. 6, 1953 година

од Блаже Конески


Заспи ми, мило, смири се веќе,
Болно си, мое сине.
На сон ќе видиш јагне и цвеќе,
Болката на сон ќе мине.
„Мајчице, саноќ над мене биди,
Чувај ме, страшно ми е:
На пајажинана онаму види
Жолт пајак крв што пие!“
Не, сине, тоа месецот грее
И ѕвезди в небесни страни.
Не бој се, мајка саноќ ќе бдее,
Нани ми, нанкај, нани.