Прејди на содржината

Песна за бабата Митра

Од Wikisource
Таму крај Вардар, неготинско поле,
бој се започна, бој нерамен,
Германци бегаат, возови палат,
пламен се дига дури до небо.
Во манастирот Свети Ѓорѓија,
ги затвориле партизаните
и така нешто на германски јазик,
тие збореја да ги запалат.
Тоа го слушна бабата Митра
и скришум пошла кај партизаните,
порти отворила со двете крила:
- Бегајте пилци в' гора зелена.
Клетите фашисти бензин фрлија
и зрно кибрит на старата,
пламен се дига, баба Митра гори,
на место дваесет партизани.

Извор

[уреди]