Песна за Чакаларов
Изглед
- Бој се почна во клисура,
- Чакаларот бре,
- жив фатете го, обесете го
- тоа бесно куче сардисајте го.
- Македонка мома жнијаше,
- Чакаларов бре,
- на кусото јачменче,
- Чакаларов бре.
- Оздола иде Бахтијар Паша,
- со триесет илјади,
- Чакаларов је со триста момчиња.
- Бахтијар Паша викаше:
- „уџум кардашла“,
- Чакаларов викаше:
- „ура момчиња“.
- Жив фатете го, обесете го
- тоа бесно куче сардисајте го.
- Однесете го горе в' Смилево
- кај комитетот море македонски.