Песна за Скопје (втора)
Изглед
- Додек' Сонце Земјата ќе грее
- ќе се помни шееситрета,
- кога Вардар крвав ми протекол
- и жал пронел по целиот свет.
- Од земјата громови згрмеа,
- стана пискот, трескање и страв.
- Со илјади години ѕидано
- мило Скопје се стори во прав.
- Ми заплака сиот ле ми народ
- од болки им душите плачат.
- Сонцето се зад облаци скрило,
- да не гледа жални настани.
- Тогај рипна сиот ле ми народ,
- грмна песна, младост прозбори.
- Над урнатини палати да дига,
- место жалој, живот да гори.