Прејди на содржината

Песна за Скопје

Од Wikisource
Матен Вардар течеше
матиле го солзите
плаче Македонија
деца кој ги зема.
Едно утро жалосно
земјата се затресе
и од скутот мајчин
чедо Скопје однесе.
С' векови сум патила
ропски живот водела
на крило од Вардарот
златно Скопје створила.
Не плачи сестро Србијо
и вие други сестрички
живее Македонија
ново Скопје ќе роди
мајка Македонија
лично чедо ќе роди.

Поврзано

[уреди]