Песна за Караџата
Изглед
- Борба се бие по ливадишта,
- планини пеат за Караџата.
- Запеј ми, запеј Кожув планино
- старата песна за Караџата.
- Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
- до каде је Македонија?
- Ето таму горе, Кумановско поле
- Охрид, Битола, дур' до Пирина.
- Шчици се бичат, спици се прават,
- на Македонци во нокти клават,
- в' огинот гори, железо се топи,
- на Македонци под мишки клават.
- Ја кажи, кажи, а бре Караџа,
- до каде е Македонија?
- Ето таму долу, Прилеп, Кавадарци
- Неготино, Дојран, дур' до Солуна.
- Ај нека знаје цела Европа,
- до каде е Македонија:
- ето тамо горе, Тетовско поле,
- Гостивар, Струга, дур' до Кичево.
- Има ли уште кој да не знае
- каде е Македонската земја?