Прејди на содржината

Ој ти Пацо Дреновчанке

Од Wikisource
Ој ти Пацо Дреновчанке
не стои пред мене
си продадов тешкото имање
само заради тебе.
Абре кудо ти будало
не продавај си
ако сум ти на к'сметот
сама дома ќе дојдам.
Ој ти Пацо Дрновчанке
не стои пред мене
си продадов шарениот ландон
само заради тебе.
Абре лудо ти будало
не продавај си
ако сум ти на к'сметот
сама дома ќе дојдам.

Поврзано

[уреди]