Ој природо вечна убавице

Од Wikisource
Ој природо вечна убавице,
ти создаде сè на овој свет,
ти создаде љубов и омраза,
среќа радост на овој свет.
Вие дами и убај господи
што имате богати мажи
но затоа вие многу пати
честа си ја продавате.
Јас не сакам големи богатства
ниту сакам царски палати,
јас си сакам сламена колиба,
и во неа слатко да спијам.

Поврзано[уреди]