Прејди на содржината

Ој моме, малој моме

Од Wikisource
Ој моме, малој моме,
блазе си ти на душата.
Како спиеш при мајка ти,
при мајка ти, при татко ти.
А пак јаска, јас сиромав,
сам легнувам, сам станувам.
На полноќ се разбудувам,
тебе моме не најдувам.
Тебе моме не најдувам,
па перница прегрнувам.
Дребни солзи проронувам,
младоста си проколнувам.

Поврзано

[уреди]