Ој девојче бело и црвено

Од Wikisource
Ој девојче бело и црвено
како тебе моме нигде не најдов.
Каква мајка беше
тебе што те роди
тебе што те роди
толку убава?
Дали си Гркинка
или Македонка,
цел свет да се чуди
на твојта убост?
Мојта мајка беше
лична симпатична,
и мене ме роди
уште полична.

Поврзано[уреди]