Прејди на содржината

Ој девојче, девојче

Од Wikisource
Ој девојче, девојче,
ти тетовско јаболче.
Покажи белото лице,
сакам да го видам јас.
Море момче, бре будало,
убаво јабанџиче.
На фурна бело симитче
зарем не си видел ти?
Ој девојче, девојче,
ти тетовско јаболче.
Покажи црните очи,
сакам да ги видам јас.
Море момче, бре будало,
убаво јабанџиче.
В' чаршија црните веѓи
зарем не си видел ти?
Ој девојче, девојче,
ти тетовско јаболче.
Покажи т'нката снага,
сакам да ја видам јас.
Море момче, бре будало,
убаво јабанџиче.
В' градина т'нка топола
зарем не си видел ти?

Поврзано

[уреди]