Ој Вардаре македонски

Од Wikisource
Среде Скопје Вардар врви
Вардар река распеана.
Ој, Вардаре Македонски
од Извора дур до Солуна.
Ој, Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.
Твојте градој како бисери
ти закитиле брегови.
Ој, Вардаре Македонски...
Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.
Ој, Вардаре Македонски...
Каде Вардар поминуваш
среќа, радост донесуваш.
Ој, Вардаре Македонски...

Поврзано[уреди]