Ој, ти моме лудо ли си

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ој, ти моме лудо ли си, леле,
Што љубиш, што мамиш моето братче?
Сам ти се брати лаже, леле,
По мојве, по мојве црниве очи;
По мојве, по мојве гајтанли веѓи.
Ој, ти моме лудо ли си, леле,
Што љубиш, што љубиш мојето братче?
Сам ти се брати лаже, леле,
По мојава, по мојава руса коса;
По мојва, по мојва рамна снага.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Музика Блог за македонски народни песни