Ој, Јано, Јано, убава Јано
Изглед
- Ој, Јано, Јано, убава Јано,
- Од едната страна Јано, сонце те грее,
- Од другата страна Јано, јасна месечина.
- Сиромаси бевме Јано, сега сме зенгини,
- Кое фајде Јано мори, оти сме богати,
- Кога од срцето Јано, ти порода немаш.
- Дали е од мене или е од тебе,
- Дали е од бога Јано или е од чинка,
- Дали е од тебе Јано или е од мене.
- Мене ми е мајка лудо, луто проколнала,
- Мајка проколнала, Стојан, клела, говорила.
- Ој Јано, Јано, леле мила ќерко,
- Лика спроти тебе Јано, друга да не родиш,
- Оти ноќе плачеш ќерко, а дење си спиеш,
- Ти на мајка, мила Јано, многу причинуеш,
- Од срце порода Јано, ти да не си имаш.
Втора верзија
[уреди]- Ој, Јано, Јано, убава Јано,
- Од едната страна Јано, сонце те грее,
- Од другата страна Јано, јасна месечино.
- Сиромаси бевме Јано, сега сме зенгини,
- Само кое фајде Јано, што сме зенгини,
- Кога од срцето Јано, ти порода немаш.
- Дали е од бога Јано или е од чинка,
- Дали е од тебе Јано или е од мене.
- Одговоара Јана, убава Јана,
- Ој Стојане, стопанине, мили мој Стојане
- Ниту је од бога Стојан, ниту е од чинка
- Ниту је од тебе Стојан ниту е од мене
- Куку ме, мене Стојан, мајка проколнала
- Мајка проколнала, Стојан, клела говорила:
- Нани ми нани убава ќерко, танка да си мила ќерко,
- Лика спроти тебе Јано, друга да не родиш,
- Оти ноќе плачеш ќерко, а дење си спиеш,
- Ти на мајка, мила Јано, многу причинуеш,
- Од срце порода Јано, ти да не си имаш.